Во Кавадарци стартува „Лимак Купот на Македонија“

0

Од денеска до недела, салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде спортскиот центар на Македонија. Осумте учесници на завршниот турнир од кошаркаркиот „Лимак Куп на Македонија“ ја започнуваат битката за престижниот пехар. Денеска во попладневните часови почнуваат првите четврфинални средби по кои ќе ги очекуваме четирите екипи кои утре ќе продолжат во полуфиналето. Од 13 часот на програмата е првиот меч меѓу Карпош Соколи и Вардар, а по него од 15.30 часот следува и пресметката меѓу Фени Индустри и екипата на АВ Охрид.

Во вечерниот термин ќе бидат и дерби дуелите. Најпрво од 18 часот Работнички против Куманово, а по 20.30 часот и дуелот меѓу екипите на бранителот на трофејот МЗТ Скопје А. и Кожув.

За утре се закажани полуфиналните средби кај дамите и во вечерниот термин полуфиналните дуели во машка конкуренција.

Share.

Leave A Reply