Со натпреварите кои ќе се одржат на скокалницата во Оберсдорф денес од 16.30 часот ќе започне традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, натпреварување кое секоја година го одбележува овој пред и по новогодишен период.
Австриецот Крафт вчера имаше најдобар скок во квалификациите од 138,5 метри, а второто место му припадна на Јапонецот Рјоји Кобајаши. Пјотр Жила од Полска беше трет во клавилифациите. Камил Штох, која минатата година победи на сите четири скокалници, беше дури осмопласиран во вчерашните квалификации.
Со натпреварувањето на скокалницата во Оберсдорф стартува ова натпреварување во скијачки скокови, а потоа следуваат натпреварите во Гармиш-Партенкирхен (1 јануари), Инсбрук (4 јануари) и Бишофсхофен (6 јануари) каде традиционално се завршува новогодишната турнеја „Четири скокалници.