Во Општина Ѓорче Петров стартува „Ге-Ге Куп 2018“

0

Денеска во Ѓорче Петров под покровителство на Општината, а во организација на фудбалскиот тим Волково, започна традиционалниот турнир во мал фудбал -“Ге -Ге Куп 2018” на кој учествуваат повеќе од 30 екипи. Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Медиумски покровител на турнирот е Спортско радио 90,3 ФМ.

„Тоа што го ветив и го направив, по извесен период го вративме турнирот на локацијата на која започна во 2001 година. Морам да го искажам задоволство што годинава има навистина голем број на пријавени екипи, јас како градоначалник морам да нагласам дека Оштината секогаш ќе застане на страната на спорт и ќе помогне во рамките на можностите“, изјави градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Наумоски.

Инаку натпреварите на турнирот ќе се играат на игралиштето во училиштето „Страшо Пинџур“ секој ден по 18 часот.

Share.

Leave A Reply