Во Пик Сегед нов заразен со ковид-19, мечот со Вардар виси?

0

Унгарски Пик Сегед на официјалната веб-страница објави дека има уште еден случај на инфекција со коронавирус кај свој ракометар, па членовите на тимот кои патуваа на мечот од ЛШ против Киелце се ставени во официјален карантин.

Како што е познато, на шест играчи од Сегед меѓу кои и Банхиди Банче, Борут Мацковшек и Деан Бомбач, претходно им беше дијагностицирана инфекција со коронавирус, по што екипата го пропушти дуелот со ПСЖ, но одигра во средата кај Келце и загуби со 26:23. Новите тестови покажаа позитивен случај кај друг играч, па членовите на тимот повторно беа ставени во официјален карантин.

Луѓето од Пик Сегед веднаш ја информирале Унгарската федерација, ЕХФ, но и Келце и Вардар, а продажбата на билети за мечот со Вардар кој е најавен за во четврток е прекината.

Share.

Leave A Reply