Вчера Шпанската фудбалска федерација го одобри одигрувањето на натпревари од Ла Лига во понеделник и петок, што значи дека рестартираната шпанската лига ќе се игра 32 дена по ред.
Така, секој тим ќе има најмалку 72 часа меѓу натпреварите, а овој распоред го диктираа телевизиите кои ќе можат да го емитуваат скоро секој натпревар.
Шпанските клубови веќе се вратија на тренинзи. До први јуни, тие можат да тренираат во групи до 10 фудбалери, по што ќе тренираат нормално. До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, а водечката Барселона има два бода повеќе од второпласираниот Реал.
Првиот меч од продолжението на Ла Лига е планиран за на 11 јуни меѓу Севиља и Бетис.