Во Собранието на РМ доделена наградата „8-ми Септември“

0

По повод денот на незавосноста на Република Македонија, „8-ми Септември“  од страна на Агенцијата за ,лади и спорт беа доделени наградите „8-ми Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во спортот, која му ја припадна на професотот Таки Џиков , а беше додели денеска на свечена седница Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на наградите која се одржа во Собранието на РМ.

„Секогаш имаме тешка задача. На најчесен, достоинствен начин се одлучивме кои ќе бидат добитниците на наградата. Сите во Одборот ги почитувавме моралните вредности, интегритетот, достоинството и можам да кажам дека со крената глава го направивме изборот“ – рече Ленче Алексовска Величковска, претседател на Одборот за доделување на награди при АМС.

Останатите четири награди „8 Септември“ со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници се за Ристо Таков – тренер во борење, Сашко Арсовски – карате тренер, Владимир Радиќ – ракометен тренер и Стеван Гешовски – поранешен кошаркар и тренер.

„Членовите на Одборот за доделување на државната награда оваа година имаа и тоа како тешка задача со оглед на големиот број апликации и големите резултати на нашите спортски работници“– изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Наградата за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата, додека другите четирите награди се десет просечни плати исплатени во последните три месеци од тековната година.

Share.

Leave A Reply