„Воините“ се на победа од нов шампионски пехар

0

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-0 во големото НБА финале, откако славеа и на гостувањето кај Кливленд со 110-102. Меч-винер за „Воините“ беше некогашниот кошаркар на Оклахома, Кевин Дурант, кој постигна 43 поени со 13 скока и 7 асистенции.

Покрај феноменалната партија на Дурант, мечот го одбележи и враќањето на Игудала, кој помина 21 минута на паркетот постигнувајќи 8 поени. Кливленд, пак, имаше предност во првото полувреме, а разликата одеше и до 10 поени. На пауза заминаа со 58-52, но потоа во третата четвртина Голден Стејт ја презема иницијативата и до крајот успеа да го сврти резултатот во своја полза и можеби да стигне до клучната победа во трката за нов шампионски пехар.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 33 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека Кевин Лав имаше 20 поени и 13 скока.

Share.

Leave A Reply