Војдан и Трајковски со признанието најдобри кошаркари за 2018

0

Македонската кошаркарска федерација в понеделник ќе ги врачи наградите за најуспешните во изминатава година. По завршениот избор, наместо еден, ќе има две награди за најдобар кошаркар и тие ќе одат во рацете на Војдан стојановски и Бојан Трајковски.

Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година е Анџелика Митрашиновиќ, најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Работнички, додека за најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Бадел 1862.

Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009
Најдобра млада репрезентативна екипа
М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски

Share.

Leave A Reply