Војводиќ во друштво на најдобрите

0

Ракометарот на Вардар, Јања Војводиќ, е единствениот од нашите состави кој обезбеди место во најдобриот тим за месец ноември во СЕХА лигата.

Средниот бек на „црвено-црните“ имаше одлични настапи на средбите со Нексе и Извиѓач и сосема заслужено си обезбеди место меѓу најдобрите во регионалната конкуренција за изминатиот месец.

Еве го идеалниот тим на СЕХА: голман – Тудор Станеску (Стеауа),лево крило – Ведран Делиќ (Извиѓач), лев бек – Халил Јагањац (Нексе), среден бек – Јања Војводиќ (Вардар), десен бек – Бруно Буторац (Татран Прешов), десно крило – Томас Чип (Татран Прешов) и пивот – Мартин Јохансон (Стеауа). Тренер  е Славко Голужа (Татран Прешов)

 

Share.

Leave A Reply