Војводина – Вардар 33-35

0

Ракометарите на Вардар со одлични 15 минути во завршницата успеаа да излезат триумфално од салата на Војводина.

„Црвено-црните“  успеаа да ја забележат седмата победа во СЕХА лигата откако ја корегираа одбраната а голманот Гедбан нанижа неколку успешни интервенци. Шампионот на Србија иако имаше предност во поголемиот дел од мечот, на крајот не го издржа притисокот и остана без бодови. Во редовите на победничкиот тим  најпрецизен беше Дибиров со 11 голови додека Атман постигна еден помалку. Кај домаќините Грозданиќ  застана на 11 голови.

Вардар останува лидер во групата „А“ со 21 бод пред Мотор Запорожје кој има 18. Војводина и Татран Прешов досега собраа по 12 бодови.

Share.

Leave A Reply