Волф: моторот нема дефект

0

Од тимот на Мерцедес направија сеопфатна анализа на состојбата на моторот на Луис Хамилтон по Гран При трката во Јапонија.

Шефот на Формула 1 тимот, Тото Волф, вели дека моторот нема штета како што алудираше Хамилтон во неделата во последните кругови на патеката – „Сузука“. Тогаш Луис преку радиото најави сериозни вибрации кои доаѓаат од активирачката единица на неговиот Мерцедес.

Според Волф, инженерите на „Мерцедес“ немале време за екстензивни проверки на телеметријата и претпочитале да работат безбедно. На крајот, техничкиот преглед покажал дека нема аномалии во работата на болидот.

Share.

Leave A Reply