Волф: не се грижам за иднината на тимот

0

Иако Макс Верстапен потпиша нов договор за наредните пет години со Ред Бул тимот во Формула 1, шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека младиот Холанѓанец оставил „тајна врата“ кон неговиот тим во случај да си замине Луис Хамилтон.  Првиот човек на „сребрените стрели“ верува дека истото се однесува и за Чарлс Леклер, кој потпиша за уште пет сезони со Ферари.

„Јас би бил многу изненаден ако младите пилоти останат во нивните тимови до крајот на договорите и не размислуваат за промена на средината“ – нагласи Волф.

„Договорите обично се многу посложени од тоа што се презентира пред медиумите“ – потенцираше Волф кој  не се грижи дека нема да има соодветна замена доколку Хамилтон и Ботас се определат да напуштат Мерцедес.

 

Share.

Leave A Reply