Волф: нема вистинска проценка на квалитетот

0

Првиот човек на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, не се согласува со проценките на Хелмут Марко кој изјави дека Ферари се на чело на поредокот со две десетинки пред Ред Бул а дури потоа доаѓа Мерцедес.

„Никој во монетов не може да даде точна проценка, никој не знае колку готиво имаат болидите, тоа е практично невозможно. Ако ги гледате завршните тестови, ние имавме најдобро време во последниот круг, но, не успеавме да го задржиме ритамот„ – вели Волф.

„За разлика од нашето тестирање, Ферари во континутит имаше одличен болид. Предноста на Ферари не е ништо ново за нас. Нашето возило не е оптимално балансирано и затоа имавме проблем со стабилноста“ – нагласи Волф.

 

Share.

Leave A Reply