Волтон може да ја прекине соработката со Лејкерси

0

Tренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон, наскоро ќе добие отказ бидејќи не ги исполни очекувањата на управата.

Неговиот тим иако беше засилен во текот на летото со најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс, има лош ефект во сезоната од 30 победи и дури 36 порази. За Лејкерси постои само теоретска шанса да продолжи да се бори за титулата.  Прашање е дали воопшто ќе успее да обезбеди место во елиминациската фаза.

Медиумите објавија дека поранешниот играч на „езерџиите“ Тајрон Лу кој со Кливленд во 2016 година  ја освои НБА лигата, има реални шанси да го наследи Волтон

Share.

Leave A Reply