Возачите на Ферари имаа одлични квалификации на патеката „Спа“, каде се вози трката за ГН на Белгија.
Двата болида на Ферари управувани од Леклерк и Фетел ќе стартуваат од првиот ред откако имаа најдобро време во денешните квалификации. Во возбудливи квалификации, Чарлс Леклерк заврши на првото место, пред Себастијан Фетел кој беше второпласиран. По нив, следат двата болида на Мерцедес, со Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
Петтото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а потоа следеа Рикардо и Хулкенберг од Рено, Серхио Перез, Кевин Магнусен и Роман Грожан.
За тимот на Ферари ова е првпат да има два болида во првот ред, по трката за ГН на Бахреин. Трката за ГН на Белгија се вози утре (недела) со почеток во 15:10 часот.