Возачите на Мерцедес доминираа во тенинг-сесиите

0

Луис Хамилтон со Мерцедес беше најбрз и на втората тренинг-сесија во Формула 1 пред неделната трка во Шпанија. Неговиот тимскиот колега Валтери Ботас постигна второ време.

Кими Раиконен со Ферари го обезбеди третото додека Себастијан Фетел заостана на четвртото место. Двајцата возачи на Ферари имаа ситни проблеми откако на Раиконен му беше порачано да го „излади“ моторот.

Возачите на Ред Бул повторно беа на петтото и шестото место а зад нив се наредија Нико Хулкенберг и Џолион Палмер во Рено, Фелипе Маса во Вилијамс и Карлос Саинц Јуниор во Торо Росо.

Share.

Leave A Reply