Возилото на Мерцедес ќе има шаренило од бои

0

Екипата на Мерцедес во Формула 1, најави, дека новиот болид кој ќе биде промовиран на 13 февруари на патеката – „Силверстон“ ќе биде обоен во чудна комбинација.

Тоа ќе се случи на само 5 денови пред почетокот на зимските тестирања во Барселона. Шампионскиот тим  на Мерцедес на официјалниот профил на – „Твитер“ објави слика на која се гледаат новите бои на предното крило.  Тие се во апстрактна комбинација на сина, зелена и црна со натпис – „Silver is so last season“ или во слободен превод значи дека сребреното беше во мода во изминатата сезона.

Се претпоставува дека тие чудни бои ќе ги имаат само болидите со кои ќе бидат направени тестовите на патеката во Барселона.

Share.

Leave A Reply