Возниацки ќе го бојкотира Мајами Опен

0

Светскиот тениски рекет бр. 2, Каролина Возниацки, се закани дека ќе го бојкотира ВТА турнирот „Мајами Опен“ откако беше вербално напаѓана од  навивачите за време на овогодинешниот турнир.

Шампионката од Австралија Опен ги критикуваше официјалните претставници на турнирот бидејќи не реагирале соодветно на навредите и заканите. За време на дуелот од второто коло против Моника Пуиг, Возниацки слушнала смртни закани за неа и за нејзиното семејство.

Данската тенисерка вели дека персоналот кој работел на обезбедување не успеал да го смири инцидентот.

„За време на натпреварот, луѓето на трибините му се закануваа на моето семејство, посакаа смрт на мајка ми и татко ми“, напиша Возниацки на Twitter.

Share.

Leave A Reply