Вработен во Парма позитивен на Ковид-19 пред дербито со Болоња

0

Целиот тим на Парма беше ставен во изолација по позитивниот тест за коронавирус на еден вработен во клубот.

„Неодамнешните тестови покажаа позитивен случај на член од клубот кој не е фудбалер. Вработениот нема симптоми и е во карантин според упатствата“, се вели во соопштението на Парма.

Тимот останува во тренинг-базата во Колекио, каде играчите ќе бидат под целосна контрола и набљудувани додека се подготвуваат за регионалното дерби против Болоња.

Share.

Leave A Reply