Вркиќ и Зековиќ влегоа во тимот на колото во АБА лигата

0

Кошаркарите на Карпош Соколи, Зоран Вркиќ и Драган Зековиќ, изборија место во најдобрата петорка на 11. коло во АБА лигата откако обезбедија одличен број на индексни поени во викенд победата против Цедевита.

Зоран Вркиќ даде 20 поени, 8 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки со што дојде до 30 индексни поени додека Драган Зековиќ кој реализираше 22 кошеви, 3 скока, 2 систенции, една украдена топка или севкупно 25 индексни поени.

Во првата петорка влегуваат и центарот на Црвена Ѕвезда, Огњен Кузмиќ кој го понесе признанието за МВП, потоа Елис од Морнар и Рејнолдс од Цедевита.

Share.

Leave A Reply