Врсаљко интересен за Јувентус и Рома

0

Дефанзивниот играч на Атлетико Мадрид Шиме Врсаљко е пред враќање во Италија. Хрватскиот репрезентативец, кој е поранешен фудбалер на Џенова и Сасуоло, пред себе има неколку опции.

Првично интерес кон него имаше Наполи, а според весникот „АС“ во битката за неговиот потпис веќе влегле уште два гиганти од Италија – Јувентус и Рома.

Во 2016 година Атлетико плати за Врсаљко 16 милиони евра. Сега тимот на Атлетико е подготвен да се раздели со десниот бек, но не за помалку од 25 милиони. Хрватскиот интернационалец има договор до 2021 година.

Тој е цврста резерва во составот на Диего Симеоне, каде предност има Хуанфран на таа позиција, а во последно време Симеоне шанса му даде и на Томас Теје.

Share.

Leave A Reply