И двата 1/8 финални натпревари во Лигата на шампионите одиграни синоќа завршија со идентичен резултат и без постигнат гол 0:0.
Ливерпул, Баерн и Лион и Барселона не успеаа да постигнат гол во противничката мрежа, иако во двата натпревари беа создадени многу шанси. Вакво нешто не е честа појава на натпреварите од Лигата на шампионите и тоа во фазата на елиминација.
Во фазата на 1/8-финале ова се случило само еднаш. На 15 март 2016 година, натпреварите на Атлетико Мадрид – ПСВ и Манчестер Сити – Динамо Киев завршија исто така без голови.