Втора победа на тенисерите во Дејвис Купот

0

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација славеше и во 2. коло на турнирот од Третата Европска зона во Пловдив, Бугарија. Денеска нашите тенисери остварија победи во сингл и со тоа го решија прашањето на победникот и на денешниот дуел со селекцијата на Албанија.

Во првиот сингл натпревар Горазд Србљак со преубедливи 6-0/6-0 славеше над Арбер Сулстарова, додека Димитар Грабул му препушти само три гејма на Марио Зили (6-3/6-0).

Последниот дуел во игра на двојки ќе го одиграат Мицов и Јанкуловски против Мјештри и Шипхеја.

Share.

Leave A Reply