Второ место за талентираната Илина

0

Нашата гимнастичарка, Илина Соколовска, која живее во Германија, успеа го освои второто место на републичкиот натпревар кој се одржа во Гитерслог. 12 годишната Илина во изминатиот месец на првиот собир освои  златен медал а сега се накити со сребро.

„Беше фантастична, имаше настап со три елементи,  со јаже, чунови и тркало. Илина имаше многу добар настап а првото место и избега за нецел поен. Победничката има 15 години и настапува во истиот клуб со Илина“  – објавија локалните  медиуми во Германија.

Малата Илина  која е еден од најголемите таленти по ритмичка гимнастика во Германија, досега има освојувано многу златни пехари. Во нејзината категорија беше прогласувана и за најдобра во Германија а во изминатата година на првиот интернационален натпревар во Украина го освои првото место и беше прогласена за принцеза.

Share.

Leave A Reply