Вујо пред Данска: Секој меч не се игра само со срце

0

Селекторот на словенечката репрезентација, Веселин Вујовиќ нема добро искуство од дуелите со Данците, па пред вечерашниот меч од главната фаза изјави дека ќе биде многу внимателен. Особено болен беше поразот во четврфиналето на ОИ во Рио,

„Не можам да гарантирам дека ќе се одмаздиме за тој пораз. Уште се обидувам да ги елиминирам црните дупки кои се појавуваат кај мојот тим. Ние мора да влеземе од стандардно добра игра во реално сериозна игра. Важно е дека имаме контрола. Емоциите се секогаш присутни, и треба да бидат, но не може да се игра само со срцето“, вели Вујовиќ пред вечерашниот дуел со скандинавците.

Share.

Leave A Reply