Веселин Вијовиќ кој се врату на клупата на ППД Загреб по вчерашниот убедлив пораз од фаворитот Барселона даде реална анализа на играта на неговата екипа во однос на противникот.
ППД Загреб натпреварот го одигра во Задар, а го загуби со 17 голови разлика, односно 19:39, а Вујовиќ во негов стил даде коментар за тоа кој како изгледал на теренот.
„Ние изгледавме како некој стар глувонем филм од пред 100 години, додека барселона како модерен филм во ХД технологија“, рече Вујовиќ по натпрфеварот.
Ова значи дека Веселин Вујовиќ ќе има тешка задача да ја поправи играта на својата екипа и да направи нешто повеќе во следните натпревари од Лигата на шампионите.