Вујовиќ: Нема да бидам тажен и доколку Македонија победи

0

Селекторот на Словенија, во ексклузивен разговор за Спортското радио 90.3 фм непосредно пред вечерашниот меч го отвори срцето за очекувањата од дуелот со Македонија.

„Јас знам дека во Македонија многу ме сакаат луѓето и навистина се надевам дека денеска нема да ги растажам што и да се случи. Знам дека сите вие сакате Македонија да победи, но и јас нема да бидам тажен ако Македонија победи. Секако, се надевам дека мојата Словенија сепак ќе победи. И двете репрезентации се одлични, ракометарите на Македонија се гордост на државата и се надевам дека вечерва ќе победи подобриот“, вели селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ во изјава за Спортското радио 90.3 фм.

Share.

Leave A Reply