„WRC“ трките ќе започнат во Монте Карло

0

По вчерашниот состанок на челниците на Светската Мото-спорт Федерација во Виена, беше о составен и календарот за сезоната 2017 во Светскиот рели шампионат (WRC) кој повторно ќе има 13 трки а автомобилските гиганти „Toyota“ и „Citroën“ ќе се вратат во натпреварувањето.

Сезоната за почнува со традиционалното отворено рели Монте Карло во јануари а главните промени се во почетокот на април за француската турнеја на Корзика. Таму за првпат ќе се појави новата генерација од „WRC“ автомобилите. Тие ќе имаа нов дизајн, поголема моќ, помала тежина и звук кој треба да го подгне адреналинот кај гледачите.

Еве го комплентниот календар за Светскиот рели шампионат во сезоната 2017. Монте Карло 19 – 22 јануари, Шведска  9 – 12 февруари,  Мексико  9 – 12 март, Франција  6 – 9 април,  Аргентина 27 – 30 април, Португалија  18 – 21 мај, Италија  8 – 11 јуни, Полска  29 јуни – 2 јули, Финска 27 – 30 јули Германија  17 – 20 август, Шпанија 5 – 8 октомври, Британија 26 – 29 октомври, Австралија 16 – 19 ноември.

Share.

Leave A Reply