За цели 20% скокнаа акциите на Јувентус

0

Само ден по победата над Атлетико (М) во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите, цената на акциите на Јувентус порасна за 20%. „Старата Дама“ славеше со 3:0 на реванш мечот на домашен терен против Атлетико Мадрид, откако три гола постигна Кристијано Роналдо.

„Бјанконерите“ ќе добијат околу 10,5 милиони евра дополнителни приходи од пласманот во следната фаза од најсилниот светски фудбалски турнир. Ова е рекорден износ за еден италијански клуб во оваа фаза од натпреварувањето.

Цената на акциите на Јувентус е толку висока за првпат по октомври 2013 година. Тогаш порастот беше околу 16 проценти.

Гигантот од Торино регистрира и рекордни клупски приходи од билети и права само за натпреварот со Атлетико Мадрид од Лигата на Шампионите. Приходите се проценети на 5,5 милиони евра.

Share.

Leave A Reply