Загреб пресилен за младите „металурзи“

0

Ракометарите на Металург доживеа трет пораз во СЕХА-лигата, откако вечерва како домаќини загубија од ППД Загреб со 26-32 (12-13). На првиот меч без Лино Червар, младите „металурзи“ одиграа одличен прв дел, но прилично лошо отворање во второто полувреме, кое ги чинеше пораз.

Халил Јагањац со седум гола денеска беше најефикасен во составот на Металург, додека на спротивната страна Стипе Мандалиниќ со осум гола го предводеше Загреб до победата.

Во следното коло од СЕХА лигата, Металург е домаќин на Горење (18 октомври), а ППД Загреб ден претходно му гостува на Вардар.

Share.

Leave A Reply