Заха бара да си оди од Кристал Палас

0

Напаѓачот на Кристал Палас Вилфред Заха, кој е и најголемата ѕвезда на тимот, сака да го напушти овој клуб, за да игра во Лигата на Шампионите.

Според „Скај Спортс“, фудбалерот ја објавил својата желба кај челниците на клубот, но истите не сакаат да го продаваат, што може да предизвика проблем.

Оваа недела Заха се сретнал со претседателот Стин Периш и му кажал дека сака да го направи следниот чекор во својата кариера. Се верува дека Кристал Палас сака 80 милиони фунти за него, што тешко дека некој ќе ги плати, па клубот ќе мора да го намали своето барање.

Минатата сезона напаѓачот потпиша 5-годишен договор за 130 000 фунти неделна плата, за да стане најдобро платениот фудбалер во тимот, но сега очигледно се надева дека може да направи трансфер во поголем тим, особено по силната сезона, кој ја имаше. Пред неколку години тој премина во Манчестер Јунајтед со сериозна надежи и очекувања, но на „Олд Трафорд” работите не се развиваа добро за него и брзо се врати во Кристал Палас.

Share.

Leave A Reply