Запакоста со позајмица од Челзи во Рома

0

Десниот бек на Челзи, Давид Запакоста, слета во Рим за да ги помине медицинските прегледи во Рома и да го комплетира неговиот трансфер на „Олимико“, каде ќе игра на позајмица до крајот на новата сезона во Серија „А”.

Двете екипи веќе си подадоа рака и Италијанецот ќе игра повторно во неговата родна земја.

„Толку ми недостасуваше Италија. Среќен сум што повторно сум дома“, им рече Запакоста на новинарите на аеродромот во Рим.

Тој дојде на „Стемфорд Бриџ“ за 23 милиони фунти во 2017 година од редовите на Торино, но не успеа да се наметне во стартниот состав на Челзи и затоа клубот од Лондон се одлучи да го даде со позајмица во Рома.

Share.

Leave A Reply