Започна атрактивното рели –„Дакар“

0

Двократниот шампион, Насер Ал-Атијах (Катар) со возилото на „Тојота” ја освои првата етапа кај автомобилите на релито – Дакар. Победникот на трката во 2011 и 2015 година, беше најбрз низ дините на перуанската пустина на делницата од Лима до Писко.

Второто место му припадна на бранителот на титулата од претходната година , Карлос Саинс (Шпанија) со возилото на „Мини“ додека третото место го освои Полјакот, Јакуб Пржигонски, исто со возило на „Мини“. Кај мотоциклистите најбрз во првата фаза беше Шпанецот, Хоан Бареда со „Хонда“ пред Пабло Кинтанија со „Хуксварна“ и Рики Врабец од САД со „Хонда“.

Кај камионите, шампионот од последните две изданија Едвард Николаев (Русија) со КАМАЗ победи во првата етапа. Втор беше Тон Ван Генугтен (Холандија) со Ивеко а трет Аргентинецот Федерико Вијагра исто така со Ивеко.Релито –„Дакар“ за прв пат во историјата е на територијата на само една земја – Перу. Старт беше означен во главниот град Лима, таму ќе биде и финалето на 17-ти јануари.

Share.

Leave A Reply