Шампионот Голден Стејт и тимот на Бостон Селтикс, ги забележаа првите победи на отворањето на новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светов – НБА.
Бостон успеа на домашен терен да победи против Филаделфија со 105:87 благодарение на одличната игра во последната четвртина. Кај домаќините, Џејсон Татум имаше 23 поени кај гостите толку уфрли Џоел Ембид.
Актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа против Оклахома со 108:100. Гостите настапија без повредениот Расел Вестбрук и пружија голем отпор. Во победничкиот состав се издвои Кари со 32 поени девет асистенции и осум скокови додека Дурант забележа 27 поени. Кај Оклахома Пол Џорџ застана на 27 кошеви.