Започна пролетниот дел од шампионатот

0

Големото дерби меѓу Шкендија и Вардар на стартот на пролетниот дел од сезоната во фудбалскиот шампионат заврши без победник 1 спрема 1 . На теренот во Тетово , гостите поведоа преку Грнчаров во 78 минута а радост за домаќините донесе Ибраими на 5 минути пред крајот. По денешниот дуел, тетовци на врвот на табелата ја задржаа предноста од осум бодови во однос на „црвено-црните“.

На другите терени. Шкупи победи против Академија Пандев со 5 спрема 2, Победа и Пелистер одиграа нерешено 1 спрема 1 додека Работнички и Ренова го завршија мечот без голови . Средбата меѓу Силекс и Скопје беше одложена. Во наредното 20-то коло, Шкупи ќе биде домаќин на Шкендија, Вардар ќе ја пречека Победа, Силекс ќе гостува кај Ренова, Академија Пандев ќе го пречека Скопје а Пелистер тимот на Работнички.

На табелата, Шкендија има 47 бодови, Вардар 39, Силекс 31 (-1меч), Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17 и Скопје 10 (-1меч).

 

Share.

Leave A Reply