Започна сезоната во картинг

0

Во организација на Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим а со поддршка на Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот, старуваа картинг натпреварите под капата на нашата автомобилистичката федерација.

Првата серија донесе трки поделени во три класи и тоа мини бамбини од 7 до 9 години, втората мини од 9 до 12 години и третата класа е рентал односно учествуваа лица постари од 13 години . Во првата класа победи Стефан Стефановски пред Христо Ковачи и Дамјан Давидовски. Во втората класа најбрз беше Петар Богатиновски пред Лука Бошковски и Иван Василевски. Во третата класа (рентал) најдобар беше Михаил Делев пред Масимо Тасевски и Коста Николовски.

Организацијата беше на највисоко ниво а меѓу учесниците симпатиите ги собра, Христо Ковачи, кој беше најмладиот дебитант со само седум години. Тој покажа дека има огромен талент и дека пред него стои светла иднина во картингот.

 

Share.

Leave A Reply