Започнува 3 коло во ЛШ

0

Во групата „А“, Реал Мадрид ќе гостува кај Галатасарај. Двата тима освоија по еден бод во првите две кола што значи дека денеска мораат да одат на полн погок доколку сакаат да останат во трката за првите две места. На досегашните седум средби, три победи има Галатасарај а четири Реал. Зидан чија клупа веќе се „тресе“ поради лошите резултати, на денешниот дуел во Истанбул ќе остане без услугите на  Асенсио, Бејл, Лукас, Модриќ и Начо . Добра вест е враќањето на Тони Крос, Еден Азар  и Дани Карвахал.  Во другиот натпревар во групата А, Пари Сен Жермен  ќе се појави на теренот на белгискиот, Бриж. Табела: ПСЖ 6 бодови, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1.

Група Б екипата на Баерн Минхен ќе се појави на теренот на Олимпијакос. Избраниците на Ковач играат топло-студено додека Грците покажаа на мечот со Тотенхем дека се тврд орев.  Во вториот меч во групата Тотенхем ќе ја пречека Црвена Ѕвезда. Англичаните не може да се препознаат од претходната сезона кога беа дел и од големото финале во ЛШ. Токму тој факт им влева надеж на Белграѓани дека може да извлечат поволен резултат на теренот на „Спарси“. Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1. Во групата Ц, Манчестер Сити има две победи и ќе атакува на третата на мечот со Аталанта. Бидејќи домаќинот на „Етихад“ секогаш излегува со крајно офанзивна формација, гостите од Чизмата најверојатно ќе се определат за дефанзивна тактика. Во вториот меч во групата,  Шахтјор (Донецк) ќе му биде домаќин на Динамо (Загреб). Хрватите ќе се обидат да ја забележат втората победа во ЛШ а под знак прашалник е настапот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда на коленото. Табела: Манчестер сити 6 бодови, Динамо Загреб 3, Шахтјор Доњецк 3, Аталанта 0.

Во групата „Д“ работите се одвиваат според очекувањата. Фаворитите, Атлетико Мадрид и Јувентус кои имаат по 4 бодови, денеска ќе бидат домаќини. Шпанците ќе се сретнат со Баер Леверкузен додека Јуве ќе излезе на мегдан со Локомотив Москва.Табела: Јувентус 4 бодови, Атлетико Мадрид 4, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0.

Share.

Leave A Reply