Започнува битката за победничкиот пехар во Купот

0

Од денеска до недела во Гевгелија ќе се реализира завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Денешната понуда ќе започне во 13.00 часот со мечот меѓу Блокотехна и АБ Охрид. Потоа од 15.15 часот ќе играат Работнички и Куманово, а во 17.30 ќе стартува дуелот МЗТ Скопје- Кожув. Во вечерниот термин од 20.00 ч. ќе играат Гостивар и Фени.

Победниците од дуелите Блокотехна- АВ Охрид и Гостивар – Фени Индустри ќе вкрстат во првата полуфинална пресметка закажана за в сабота со почеток во 17:30 додека победниците од мечевите МЗТ Скопје Аеродром-Кожув и Работнички -Куманово ќе разигруваат во вториот полуфинален дуел од 20:15 часот. Финалето ќе биде в недела со почеток во 17:30. Сите натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во спортската сала „26 април“.

Во женска конкуренција мечевите ќе се реализираат во спортската сала „Негорски Бањи“. Во првиот ден од викендот точно напладне ќе играат Бадел 1862 и Струга 2009 а во 14:15 часот ќе биде мечот Работнички- Вардар. Финалето во женска конкуренција е закажано за в недела со почеток во 14:30 и тоа во спортската сала „26 април“.

Share.

Leave A Reply