Започнува битката за врвот на Европа

0

Шеснаесет ракометни репрезентации меѓу кои и Македонија од денеска ги започнуваат мечевите на Европското  првенство во Хрватска.

Првите возбудувања ќе бидат во Сплит и Пореч во групите „А“ и „Б“. Во Сплит, Шведска ќе игра со Исланд од 18:15 часот а Хрватска со Србија од 20:30 часот. Б група (Пореч): Белорусија – Австрија (од 18:15 часот) и Франција – Норвешка (20:30 часот).

Воведните средби од групите „Ц“ и „Д“ ќе се реализираат утре а Македонија за прв противник во Арената во Загреб ќе ја има Словенија. Во вториот меч во нашата група Германија ќе игра со Црна Гора.Првите три селекции од сите четири групи ќе продолжат во наредната фаза додека последните ќе го завршат настапот.

Share.

Leave A Reply