Започнува нова сезона во Мото Гран При шампионатот

0

Денеска со трката за Големата на награда на Катар на патеката „Лусаил“ во Доха, ќе започне новиот шампионат во Мото Гран При конкуренцијата.

Од пол-позицијата ќе стартува членот на Јамаха, Маверик Вињалес, кој вчера оствари најдобро време во квалификациите. Веднаш до Шпанецот ќе биде Андреа Довициозо со моторот на Дукати. Од вториот ред ќе започнат Марк Маркез и Џек Милер.

Денешната трка за ГП на Катар со која ќе започнат возбудувањата во новата мото-сезона, ќе стартува од 18:00 часот.

Share.

Leave A Reply