Започнува последниот филтер пред големото финале во Купот

0

Денеска кај нас ќе бидат одиграни првите натпревари од 1 /2 финалната фаза во фудбалскиот Куп. Од 14.00 часот во Тетово  ќе се сретнат екипите на Шкендија и на Ренова.

Домаќинот кој сигурно чекори кон шампионската титула во првенството ќе ја има улогата на голем фаворит во градското дерби. Главен судија ќе биде Јосип Бартон. Паралелно со средбата под Шара ќе се реализира и мечот во Битола меѓу бранителот на пехарот Пелистер и составот на Академија Пандев. Средбата ќе ја води Димитар Мечкаровски.

Реваншите ќе бидат одиграни на 9 мај а терминот и местото за големото финале во Купот ќе бидат одредени дополнително.

Share.

Leave A Reply