Заврши полу-маратонот, Ивановски (мажи) и Кечер (жени) со најдобро време

0

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, оствари најдобар резултат во полу-маратонската  трка низ улиците на Скопје.

Тој ја претрча патеката за 1.12.31 што беше доволно да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Второто место го освои Кристијан Стошиќ а како трет низ целта помина Милош Ранчиќ.

Во женска конкуренција победи Зита Качер од Унгарија пред нашата Милјана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас која е пријавена како атлетичарка од Шведска.

Share.

Leave A Reply