Заврши сезоната за големиот фудбалски талент

0

Играчот на Рома, Николо Заниоло, кој се наметнува како еден од најдобрите млади фудбалери во Серија „А“, заработи потешка повреда на вчерашното дерби со Јувентус одиграно на „Олимпико“.

Денеска првите луѓе на „волчицата“ објавија дека Заниоло ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека има повреда на менискусот. Според првите проценки на лекарите, Заниоло ќе мора брзо да оди на операција а потоа ќе му следи период на рехабилитација од најмалку 6 месеци.

Заниоло во досегашниот дел од сезоната има одиграно 18 меча за Рома со ефект од четири голови и една асистенција.

 

Share.

Leave A Reply