Заврши сезоната за Гомез

0

Дефанзивниот фудбалер на Ливерпул, Џо Гомез, заработи фрактура на ногата на вчерашното гостување кај Барнли во Премиер лигата.

Тоа значи дека искусниот играч практично ја заврши сезоната бидејќи ќе мора да се рехабилитира најмалку шест месеци. Гомез кој игра како десен бек или како централен дефанзивец, е еден најстандардните фудбалери на црвените“.

Неговото отсуство ќе му создаде дополнителни проблеми на тренерот, Јирген Клоп, кој мака мачи со дефанзивната линија. Тимот од „Енфилд“ во наредните 30-ет дена го очекуваат два дерби меча со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Share.

Leave A Reply