Фудбалерот од средниот ред на екипата на Јувентус, Сами Кедира ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој ќе мора да оди на операција на коленото.
„По четири месеци пролонгирана болка во моето колено, решив да се подложам на операција за да се опоравам целосно. Операцијата ќе биде направена за две недели. Моја цел е да бидам целосно подготвен за следната сезона”, напишал Кедира на социјалните мрежи.
Претходно, играчот од средниот ред имаше операција на срцето, поради што пропушти околу еден месец. Поради разни повреди, Кедира во тековната сезона одигра само 17 натпревари, во кои постигна два гола.