Младата ѕвезда на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол, најверојатно, ќе мора да ја заврши сезоната во НБА лигата предвреме, откако заработи потешка повреда на десниот зглоб.
На Бол му била направена магнетна резонанца која открила скршеница на коска на десниот зглоб. Ламело побарал и мислење од независен лекар за неговата дијагноза, но сите претпоставки се дека дебитантот се очекува да го прескокне остатокот од сезоната.
Бол падна на подот во првата половина од натпреварот во саботата против Лос Анџелес Клиперс и поголемиот дел од натпреварот го помина со завој на неговиот зглоб.