Зејдел верува во подобро утре

0

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Зејдел, вели дека очекува подобрување на перформансите на автомобилот за сезоната 2020 бидејќи работата на новиот болид е започната уште сега.

„Техничките прописи остануваат исти за наредната година, така што ќе разговараме повеќе за еволуцијата отколку за револуцијата“ –рече Зејдел.

„Имаме добра база и научивме многу од сегашното возило, ги увидовме слабостите. Знаеме на што ќе се фокусираме„ – потенцираше тимскиот шаф на Мекларен во Формула 1.

Share.

Leave A Reply