Зенит полета кон Скопје, но без Паредес

0

Рускиот тим Зенит полета за Скопје од аеродромот во Санкт Петерсбург со брендиран авион, а во него се најдоа 20 фудбалери кои ги стави на список тренерот Роберто Манчини. Изненадувачки е тоа што на овој список го нема аргентинецот Леандро Паредес, најскапото засиливање на Зенит ова лето.

На списокот на патници за Скопје Роберто Манчини напиша 20 фудбалери, а во екипата има многу познати имиња како што се србинот Бранислав Ивановиќ, Аргентинците Себастијан Друиси, Емилијано Ригони, Италијанецот Доминико Кришито, руските ѕвезди Јури Жирков, Александар Кокорин и други.

Еве го составот на Зенит кој ќе допатува во Скопје и од кој Манчини ќе го избира првиот тим кој ќе истрча на нашиот најголем стадион.

ГОЛМАНИ:
Андреј Лунев, Михаил Кержаков, Максим Рудаков

ОДБРАНА:
Игор Смолников, Бранислав Ивановиќ, Миха Мевлија, Емануел Мамана, Максим Карпов, Јури Жирков, Доменико Кришито, Денис Трентјев

СРЕДЕН РЕД:
Матијас Краневитер, Далер Кузјаев, Кристијан Нбоа, Александр Ерохин, Емилијано Ригони

НАПАД:
Себастијан Друиси, Александар Кокорин, Артен Џуиба, Дмитриј Полоз

Фудбалерите на Зенит вечерва од 19 часот ќе го имаат официјалниот тренинг на Националната арена „Филип Втори“ а половина час претходно ќе одржат и прес-конференција.

Share.

Leave A Reply