Поранешната најдобра светска тенисерка и седумкратна победничка на Грен слем турнирите, Жастин Анин, вели дека на Австралија опен и оваа година има само еден вистински фаворит.
„Машкиот дел од натпреварот е полесен за предвидување, бидејќи има еден очигледен фаворит – Новак Ѓоковиќ. Австралија опен се чини дека е направен за Новак. Ситуацијата е поинаква оваа година, но по она што се случи на УС Опен и Ролан Гарос, но Новак повторно ќе сака да покаже дека е главен. Ако ме прашувате за други фаворит, мислам дека секогаш можеме да сметаме на Надал и Тим. Исто така, навистина ми се допаѓа и Данил Медведев“, вели Белгијката.
Натпреварите на Австралија опен ќе се одржат од 8 до 21 февруари. Актуелен шампион на ова натпреварување е Србинот Ѓоковиќ.