Ждрепката за ЕП 2020 ќе биде на 28 јуни во Виена

0

На 28 јуни во 18:45 часот, во Виена, организаторите на ракометното ЕП 2020 Австрија, Шведска и Норвешка заедно со ЕХФ го закажаа свечениот чин на одредувањ ен агрупите.

Во пресрет на ждрепката познато е дека домаќините веќе ги знаат своите групи, односно Австрија ќе игра во групата Б во Виена, Норвешка во групата Д во Трондхајм, додека Шведска во групата Ф во Гетеборг. Германија, која е веќе пласирана, ќе биде во втората група во Трондхајм, групата Ц, како и Хрватска, која обезбеди ЕУРО билет ќе биде дел од групата А во Грац, додека Данска, доколку се пласира ќе игра во групата Е во Малме.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 јануари 2020 година и ќе биде првиот континентален собир со 24 репрезентации.

Share.

Leave A Reply